речник контакт

Папагалите победија на Сладоледијадата во Велес (фото)

Креацијата на Елена Тасева ја освои публиката

Петар Печков

На годинашната Сладоледијада, која се одржа во Велес, победи Елена Тасева со нејзината креација ,, Папагали,,. Иако таа учествува за  прв пат на манифестацијата, ја освои публиката со нејзината изработка. 

Во ананас го поставив сладоледот, и до нив имам папагали кои како да го колваат а тие се изработени од остатокот на ананас. Декорирав со малини и капини и еве на публиката им се допадна. Драго ми е што сум победничка иако учествувам прв пат на оваа манифестација – рече  Тасева.  

Сладоледијадата годинава се одржа по јубилеен 10-ти пат и таа е единствена од ваков вид во земјава каде  натпреварувачките   ја покажуваат на дело нивната умешност во декорација на  ледениот десерт.    

Оваа манифестација е со локален карактер а победничката а останатите учеснички како дар добиваат  наградно викенд  патување, до Осторшкиот манастир во Црна Гора следниот викенд. Учесничките  имаат неограничено количество сладолед за користење, но ограничено време за работа од само 10 минути, поради опасноста тој да се стопи. Победникот беше решен со гласање од страна на присутните, по изглед не по вкус.

Секоја година имаме нешто ново и што е интересно и што го привлекува вниманието. Женети учесничките знаат да изненадат а ние публиката да уживаме. Задоволството е двострано и од публиката и од натпреварувачките – рече Рајна Стојанова претседател  на здружението ,,Креација 2009,, кое е организатор на Сладоледијадата.

Манифестацијата годинава имаше хуманитарен карактер, сладоледот  кој го донираше производителот ,,Милина,, од Прилеп, во количина од 160 литри, дел се продаваше а собраните средства се наменети за настрадано семејство од поплавите во скопско Стајковци.  

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »