речник контакт

Папрадишки мајстори во Сплит, црно бел Велес во Кавадарци

Дела создадени во Велес и за Велес, пред јавноста во други средини, надвор од градот

Петар Печков

Во рамките на манифестацијата Денови на Македонската култура во Сплит, отворена е изложба на дела од  Папрадишката колонија.  Таа е поставена во Градската библиотека во Сплит ,,Марко Марулиќ,,. Организатор на гостувањето е Заедницата на Македонците во Република Хрватска. На изложбата  се претставени  17 слики во разни техники и 9 копаничарски дела од минатогодишната продукција.

 Истата оваа изложба потоа ќе биде поставена и во повеќе хрватски градови, каде рабтоат друштвата на Македонците, во Задар, Риека, Пула, Загреб и Осијек.

Кавадаречкиот Локален музеј е домаќин на изложбата „Велес низ стари фотографии“. Изложбата е организирана во соработка со Локалната установа Народен музеј Велес, откако претходно истата беше прикажана и во Скопје.


Aвторот на изложбата  Павлина Василева рече дека поголем дел од фотографиите се собрани веднаш после ослободувањето, дел од нив се донирани од страна на граѓаните, а дел се купени.

 Изложбата опфаќа период од 100 години историја на градот Велес, од најстарата фотографија од 1863 година до 60-те години на 20 век, низ кој е проследен развојот на градот прикажан низ призмата на историјата, етнологијата, архитектурата и други аспекти.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »