речник контакт

Папрадишки мајстори пред велешани

Во Ликовниот салон вчера во Велес беше отворена ликовната изложба ,,Папрадишки мајстори,,

Петар Печков

 Во Ликовниот салон   во Велес е отворена  ликовната изложба ,,Папрадишки мајстори,, на која се претставени 30-тина дела од годинашниве учесници на оваа манифестација.  Со слики во различни техники и копаничарски дела, автори од пет земји Македонија, Србија, Словенија Бугарија и Романија се претставија на велешката јавност.

 

Делата беа создадени во текот на месец август во спомен куќите на Касапови и Џинот, кои за овој период беа ателјеа на уметниците. Новата концепција на колонијата, резултираше со нови инспирации на авторите, кои создадоа дела во кој преовладува мотивот од старото градско јадро на Велес.

 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »