речник контакт

Парична казна за моторџија кој се искачил на врвот Солунска глава го сликал воениот објект и го објавил на тик-ток

Изречена му е парична казна од 300 евра, во денарска против вредност

Петар Печков

Млад мотоциклист е прогласен за виновен и парично казнет, затоа што откако со мотор се искачил на врвот Солунска глава, тој го фотографирал воениот објект и тоа го објавил на тик-ток.

Настанот се случил летото, на 12 јуни лани,  кога обвинетиот неовластено направил фотографии и снимки, додека со неговиот  крос мотор се возел во близина на објектот кога се доближил, видел дека тоа е  воена база и со телефонот направил фотографии од воениот објект и базата и ги споделил на социјалната мрежа Тик Ток. 

Со тоа обвинетиот сторил кривично дело „Неовластено  влегување во воени објекти и правење слики или цртежи на воени објекти и борбени средства“.  Изречена му е парична казна од 300 евра, во денарска против вредност.

фото принтскрин видео

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »