речник контакт

Парично казнети полицајци

Некој седел во кафеана додека бил на работа, друг не бил на марш. казнет и инспекторoт кој лани додека го чистел пиштолот пукнал во зградата на општина

Петар Печков

По спроведена дисциплинска постапка, донесени se  решение против  вработени во Министерството за внатрешни работи, ПС Велес  поради сторени повреди во работењето, од Колективниот договор на МВР. Притоа, на  вработени изречена им е мерка  – „парична казна”.  

Љ.П. полицаец во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (седел во угостителски објект, наместо да извршува работни задачи)

Д.Д. полицаец во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (седел во угостителски објект, наместо да извршува работни задачи)

Д.В. изречена му е мерка „парична казна“ (неодговорно и несовесно постапил спрема дадената задача)

Т.Т. водич на безбедносен реон во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (не дошол на марш кој бил задолжителен)

Џ.Ш.  полицаец во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (не дошол на марш кој бил задолжителен)

Ж.К. главен инспектор – раководител во ООК,ОКП, изречена му е мерка “парична казна” (невнимателно ракувал со службеното оружје и не расветлил доволен број на кривични дела). Ова е настанот од 27 март лани, кога тој го чистел пиштолот на прозор, при што истрелал еден куршум, кој заврши во ВЦ-то на локалната власт. Среќна околност е што тогаш немало никого внатре. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »