речник контакт

Парна локомотива допатува на железничка во Велес (фото)

Таа се користеше за снимањето на ,,Ослободувањето на Скопје,,

Петар Печков

Вечерва на  железничката станица во Велес допатува парна локомотива, заедно со неколку стари патнички вагони. Тие беа користени за снимањето на филмот ,,Ослободувањето на Скопје,,. Сцените се снимаа два дена на железничката постојка во село Сарамзалино.

По снимањето локомотивата и вагоните беа вратени во Скопје, каде ќе продолжи снимањето на филмот. Патем оваа парна локомотива е истата која пред две години беше репарирана во  фабриката за шински возила Колска, за потребите за снимањето на филмот ,,До балчак,,.

Потоа една година стоеше на железничка во Прилеп а сега за кратко беше во Велес и потоа се сели повторно во Скопје.

Патешествието  на старата локомотивата и  вагоните, беше со мошне претпазливо возење, од само 5 км/ на час од безбедносни причини. Затоа и железничкиот сообраќај кон Штип и Кочани беше со задоцнување, патничкиот воз   доцнеше цели 100 минути.

Да нема забуни. Парната локомотива не може да се движи. нејзе ја туркаа две моторни локомотиви  Кенеди на Македонски железници.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »