речник контакт

Пастрмалија се трошеше како алва

Многу гости, мал капацитет на производителите па се чекаше и по еден час за да се добие пастрмалија

Петар Печков

Сите патишта оваа сабота водеа во Велес. Многу гости пристигнаа на деветта Велешка питијада. Во редици се чекаше за се дојде до парче пита.  Капацитетите на десетината  угостители  кои го нудеа овој велешки специјалитет, беа премали за да ги задоволат барањата на гурманите. Посетители  имаше од цела Македонија и се бараше столче слободно за да се вкуси питата. Се чекаше и по еден час за да се дојде на ред, за  пита и место.

Јас сум велешанка која живее во Охрид. Но не ја пропуштам оваа манифестација да дојдам во родниот град и заедно со сопругот и друштвото вкусиме оригинална пастрмалија. Пита без пастрма е  се друго само не  пастрмалија  – вели Данче Делова која  беше заедно со сопругот Асенчо и пријателката Славица.

Убавото време привлече илјадници гости. Понудата од традиционалниот специјалитет пита пастрмалија залеана со црно вино, можноста да се видите со познати или пријатели ги изнесе  велешани од домовите, а гостите од другите градови ги донесе во Велес. На штандовите, пак, беше мешаница, некои се тискаа што поскоро да обезбедат пити и да заминат дома за саботен семеен ручек. Меѓу гостите беше и велешанка која живее во Германија а дојде специјално за ова пригода

Кога дознав дека ќе има ваква манифестација испланирав овој викенд да дојдам дома. Тука сме со соседите, роднините и се насладуваме на пастрмалија. Има и одлично вино и се заедно прекрасно доживување  - рече Ана Волева Руп, сопруга на германскиот инженер Валтер Руп  креатор на   техничкиот дел од изградбата на велешка Топилница, и автор на антологиската ,,Топилница гут, Велес капут,,.  Градоначалникот на Велес  потсети  на традицијата дека велешани прават пита иста како и  таа од пред век и пол.

Дојдовме до пишан документ од почетокот на 1869 година, каде за зборува дека од 5-ти до 19-ти јануари две илјади турски војници, додека престојувале во Велес биле ранети со тесто посипано со овчо сушено месо, налик на турската састрма. У по толку време ние останавме верни на традицијата и оригиналот – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.

Фестивалот  на храната  трае три дена, започна вчера а ќе трае до недела попладне. Се одржува на  главната улица „Благој Ѓорев‘‘  пред Гимназијата „Кочо Рацин‘‘ до доцна по полноќ . Питата  се продава по цена за парче од 30 или цела пита од 120 денара и  чаша вино по цена од 30 денари. За вечерва е најавена и голема забава со македонските поп ѕвезди Тони Зен, Влатко Лозановски, Дарко Илиевски и Викторија Лоба. Пастрамлијадата завршува в недела попладне.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »