речник контакт

Патлиџан рекордер, тежок само

Во нивите на велешкото село Ногаевци се роди домат тежок 1.6 кг што е своевиден рекорд.

Петар Печков

Доматот го одгледал градинарот Бубе и го продал во кафеаната ,,Царе,, каде чекаат да созрее и потоа да се искористи за салата.

Сигурно е дека ќе наполни повеќе чинии, бидејќи со неговата тежина е преголем за една.  Уше отсега се најавиле повеќемина гости кои сакале да бидат услужени токму со овој домат.

Доматот поради тежината бил одгледуван со помошни средства кои го држеле  на метар височина, за да не падне на земја, но морале уште зелен да го скинат, бидејќи постоела опасност да падне. 

Така пропаднала можноста да порасне уште повеќе, до 2 кг, но и вака извесно е дека ќе биде најголемиот домат годинава на македонскиот пазар, верува  сопственикот Бубо.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »