речник контакт

Патувачка изложба ,,100 години од Македонскиот фронт,, (фото)

На 10 паноа се прикажани сведоштва текстуални и визуелни од Македонскиот фронт кои даваат слика за секојдневниот живот зад линијата на фронтот.

Петар Печков

Патувачката изложба ,,100 години од Македонскиот фронт - секојдневниот живот на линијата на фронтот,,  е отворена во медиотеката на Градската библиотека ,,Гоце Делчев,, во Велес.

Подготвена е од Асоцијација на наставници по историја на Македонија  АИНМ. На 10 паноа се прикажани сведоштва  текстуални и визуелни од   Македонскиот  фронт кои даваат слика за секојдневниот живот на линијата на фронтот. 

Акцентот на изложбата е ставен врз секојдневниот живот на обичните луѓе, особено на цивилното на населението кое било зафатено во виорот на војната и без своја волја. Ова е еден од најтрагичните настани кои се случиле на подрачјето на Македонија. И затоа преку  овие паноа, сведоштва  дава дух на времето, луѓето и во војна морале да живеат, да се потсетиме  на минатото, тоа да не се повтори. Таа не ги толкува воените збиднувања туку за обичниот човек кој ретко се споменува во книгите  - кажа  Миле Младеновски претседател на  АИНМ.  

Изложбата беше и ќе биде поставена во повеќе градови низ земјава а финансиски е поддржана од Министерството за култура. Поддршка на именувањето Македонски , не Солунски фронт два и историчарот и професор м-р Веле Алексовски, кои ја изучувал македонската историја низ француските документи.  

 Во сите Француски книги овој фронт се води како Македонски и тој во еден дел  минува низ денешната  границата на Македонија и Грција. Французите  Прва Светска војна ја викаат Големата војна. Тој Солунски фронт се нарекува кај Србите, Бугарите. Дури и овде на паноата видовме српски документи  од 1916 година кои го водат како Македонски фронт.  Да посетам дека 600 илјади војници од  Централните сили со команда во Скопје и Градско а од Антантата имало 700 илјади војници.  Има погребано четворица млади марокански војници во Горно Јаболчиште. На Првата Светска војна  има загинато околу 60 илјади Македонци а  120 илјади се бореле во Бугарската армија и 80 илјади во  Српската армија - потсети Алексовски. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »