речник контакт

Пајажините од велешкото небо се отплетуваат

Локалната власт на Велес им даде обврска на операторите каблите да ги постават подземно

Петар Печков

Каблите кои како пајакова мрежа го освоија велешкото небо, полека ќе исчезнуваат. Локалната власт им даде ,,домашно,, на кабелските оператори  да ги постават подземно а по одреден  период   кон  оваа обврска ќе треба да се приклучи и ЕВН Македонија. Целта е да исчезнат каблите од хоризонтот, кои до домовите на велешани носеа сигнал за интернет, телевизија, телефон и струја.  

На сите оператори им дадовме обврска да започнат со постапка, на отстранување на каблите кои се поставени надземно, по бандерите од градот.  Целта е да нема повеќе надземни кабли и оваа пајажина да ја снема од велешкото небо. Операторите треба целата нивна инфраструктура да  ја постават подземно – изјави градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Отстранувањето на инсталацијата ќе се  одвива во две  фази, првата е на  кабелските оператори Близу, Телекабел  и Т-мобиле, додека  во втората е за ЕВН Македонија. Веќе неколку месеци низ градот екипи на Близу –ВИП ги прекопуваат улиците во центарот и поставуваат подземна инсталација.    

Ова е долгорочна работа, која  ќе потрае неколку години.  За илустрација пред некој месец, кога во месноста Мегдан се запали куќа, колата на пожарната не можеше да мине поради бројните кабли кои беа ви висина, па за  таа да интервенира, мораа да  сечат. 

Наидов на разбирање и кај двата  Кабелски Оператори Близу-ВИП и Телекабел. И Телеком најавија дека ќе  го поддржат овој наш проект. Издадени се првите дозволи и на главната улица 8-ми Септември веќе  се  поставени дел од подземени инсталации –додава Чадиев. Овие пајажини го окупираа небото на  велешани.  

Некои од знаменитостите на градот не  можат  да  се фотографираат  оти  се преплетени во кабли, куќата на Касапови, Градскиот Саат. Нема рок на изведба на оваа нова  обврска, таа ќе се работи  постепено. Откако кабелските оператори ќе ги  инсталираат нивните  кабли подземје, истата работа ќе започне да ја спроведува и ЕВН Македонија. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »