речник контакт

Пајакот ја слуша својата мрежа

Пајаковата мрежа е затегнат инструмент и се смета за еден од најсовршените животински производи

Петар Печков

Мрежата што ја плетат пајаците за нив претставува повеќе од дом. Таа всушност е затегнат инструмент и се смета за еден од најсовршените животински производи. Иако е исклучително тенка и лесна, пајаковата мрежа е поцврста отколку што ни се чини на прв поглед

Преку вибрациите, тој добива информации за пленот
Најинтереснен факт за мрежата на пајакот е што тој ја слуша и од неа добива витални информации за состојбата на мрежата или за присуство на потенцијален плен.
На пример, ние можеме да ги забележиме инсектите што се заплеткуваат во мрежата, но пајакот поради својот екстремно лош вид, не може да ги види.

Наместо тоа, тој ги чувствува вибрациите на мрежата и ги следи за да го најде несреќниот плен или некоја деформација на мрежата.
Проверката на мрежата пајакот ја прави со тресење. Тој ја тресе мрежата, испраќа мали вибрации во секој правец и чувствува повратни вибрации на секоја од своите осум нозе.

Пајаците ги создаваат вибрациите за да добијат информации. Поради тоа што има осум нозе, пајакот всушност може да слуша на осум различни страни – вели Бет Мортимер, студентка на докторски студии на универзитетот „Оксфорд“ и еден од главните научници на неодамнешните истражувања за пајаковата мрежа.

За да ги лови инсектите подобро, пајакот најчесто ја плете својата мрежа вертикално, меѓу гранки, дрвја и сите други поволни објекти, инсектите во лет да се заплеткаат во мрежата и да останат во неа. Освен што е многу силна, мрежата на пајаците е и леплива и затоа инсектите што ги лови пајакот во мрежата, немаат никакви шанси да се отплеткаат и да побегнат.

Пајаците ги плетат мрежите од посебни сокови што ги лачат од брадавици, т.е. жлезди од долната страна на стомакот, кои изложени на воздух веднаш се зацврстуваат и стануваат своевидно плетиво од кое пајакот исклучително вешто плете сложена, симетрична и исклучително правилна мрежа.
Научниците што ги истражувале пајаковата мрежа и влакната од кои е направена таа, откриле дека јачината на тие влакна може да се мери со онаа на чевларот, вид материјал од кој се произведува панцир. Притоа, пајаковото влакно е еколошко и природно се разградува, а најсилниот конец во целата мрежа е вертикалниот конец по кој се спушта пајакот.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »