речник контакт

Педесет слободни места за прва година на Техничко- технолошки факултет во Велес

По дваесет редовни на насоките прехранбена технологија и биотехнологија и на нутриционизам

Петар Печков

Во новата  наставна академска година, на есен на Техничко- технолошкиот Факултет во Велес ќе бидат запишани 40 редовни и 10 вонредни студенти.

Ова се бројките објавени во конкурсот за упис на бруцоши на единствениот факултет кој работи и постои со седиште  во Велес.

ТТФ е во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Според конкурсот  на отсекот прехранбена технологија и биотехнологија има  20 слободни места, исто толку на отсекот нутриционизам.

На овие две насоки ќе се запишат и по пет вонредни студенти. Наставата трае осум семестри. Партиципација за упис во прва година за редовните студенти е 200 евра а за вонредните 400 евра. 

Пријавување на кандидатите е од  27 до  31 август  и 1-ви септември, вториот уписен рок е на  14-ти  и 15-ти септември и третиот на 24т- септември.

Оваа бројка на студенти кои ќе бидат запишани во прва година од наставната 2020/21-ва година е иста како ланската, и истата е според    Одлуката на Владата за бројот на студенти за запишување во прва година - прв циклус студии на јавните високообразовни установи на Универзитетите во земјава. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »