речник контакт

Пекинг, град на авении, свила, розеви поршеа и шкорпии на скара

Репортажа за Пекинг, главниот град на Кина, најбројната нација во светот

Петар Печков

Со грандиозни градби, улици и авении, главниот град на Кина, Пекинг има жители како две Србии, а патниците од цел свет ги „дочекува“ на аеродром кои и самиот е со големина на еден помал град, а изграден е за Олимписките игри во 2008 година.

Освен редовните царински контроли, патниците од целиот свет на аеродромот ги дочекува уште еден „државен службеник“ – полициско куче од помала раса, уредно „облечено“ во прикладна униформа. Иако се чини дека е подготвено за игра, велат дека со перфектното чувство за мирис открива кога некој се обидува во земјата да внесе тоа што кинескиот закон строго го забранува, меѓу другото и сирење и кајмак.

Пекинг настанал пред околу 3.000 години и денес има околу 13 милиони жители, од кои 5 милиони живеат во градот, а остатокот во предградијата.


Иако пушењето е забрането на речиси сите јавни места, тоа не е пропис кој се почитува без исклучок,  гостите пушат ако тоа не им смета на другите, а на дното на пепелниците се става малку сварено еспресо за да „го убие мирисот од тутунот“.

Во комплексот на модерните згради изградени во стакло, каде кирија за стан изнесува околу 2.000 евра месечно, се наоѓа и гаража: еден до друг паркирани се порше со розева боја, астон мартин, ламборџини и неколку мерцедеси.

Недалеку е и највисоката зграда во Пекинг, со дури 82 спрата. Сопственик е една американска компанија и од кафулето на 80 спрат се протега поглед на Пекинг. Во хотелот кој се наоѓа во зградата, гости главно се деловни луѓе, а за дебелината на нивните паричници и банковни сметки без многу зборови говорат ѕвездичките на таблата на хотелот, но и цената на најефтиното кафе еспресо кое е 10 евра!

Меѓутоа, целосното уживање на гостите кои во кафулето стигнуваат за само десет секунди скоро со нечуен лифт, го расипува глетката која обилува со чад.

Во Пекинг, прочуениот „свилен“ пазар е „копија“ на пазарниот центар во белградскиот блок 70, во кој на неколку спратови трговците ја нудат својата стока.

Се продава се, од игла до локомотива – копии на познати марки на телефони, фотоапарати, разна опрема, а посебно гардероба. На еден од петте спратови се наоѓаат неколку продавници за свила во кои продавачите нудат комплетна услуга – добар квалитет на вистинска кинеска свила, но и шиење по мерка. Велат „за два дена се е готово, на вас е само да изберете дезен...“.

Во козметичките салони, Кинескињите уживаат во посебните третмани за чистење на лице со конец, а потоа ги чека и масажа на стапалата.

Пекинг има околу 3.000 возила за градски сообраќај и две подземни железници со должина од 40 километри. Широки булевари го делат градот на четири прстени, но во форма на квадрат, и по булеварите секојдневно се движат огромен број автомобили, а тоа станува проблем за непречен сообраќај.

За да се избегнат големите гужви градските власти донеле одлука со која од понеделник до петок сопствениците на автомобили на чии таблици се одредени броеви не можат да ги возат своите возила. Пропишано е кои последни два броја на таблицата на одредениот ден не смеат да се возат.

Затоа тука се таксистите. Меѓутоа, тие немаат „проблем“ да одбијат возење ако релацијата која муштеријата ја бара е куса, а тие кои возат диво без таксиметар и назнака за такси возило, нудат возење за цена која е неколку пати поскапа од вообичаената.

Туристите и Кинезите се превезуваат на улици со четири или пет ленти во еден правец и со рикша – додуша модерна, бидејќи секој возач на тоа традиционално превозно средство на својот точак има вградено мотор на струја.

Покрај прочуениот Забранет град, река туристи се слеваат и во шетачката зона на Пекинг, познатата улица Ван Фуџин, која навечер е посебно жива поради тезгите наредени во низа на кои се нудат сувенири и разни дребулии.

Кришки од дињи на стапче, овошје во карамел или јагоди на мраз, во посебни чинии, само се дел од понудата која на странците повеќе им наликува како егзотична изложба во музеј, отколку вечерна закуска.

Продавачите облечени во црвени униформи гласно нудат пржени свилени буби на стапче, мали шкорпии или морски коњчиња. Посебно како специјалитет го фалат вкусот на тенка бела змија, сите видови на медузи или морски плодови, а по поефтина цена можат да се купат похувани банани со големина на палец.

Иако Пекинг е повеќемилионски град, кој според некои проценки има дневна миграција од околу 2 милиона жители, градот исклучително е чист. Ако некој фрли хартија или догорче на улица, некој тоа ќе го исчисти и ќе тргне залепена мастика од тротоарот.

Во Пекинг владее континентална клима, зимите се суви и студени со малку снег, но периодот со мраз трае околу 185 дена годишно. Најубав месец за посета на градот е септември, кога небото е светло сино, а воздухот најчист.

 Текстот е преземен од  Танјуг - Белград

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »