речник контакт

Пендаровски нов претседател на државата

На неделните избори излегоа да гласаат 46,7% лица. Каков е распоредот на гласовите во велешко

Петар Печков

Според  податоците на Државната изборна комисија по сите  преброени 3.512 избирачки места  победил Стево Пендаровски кандидат на СДСМ со освоени  436.212 (51,66%) гласови наспроти  377.713 (44,73%) освоени гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.  Податоците се за сите  запишани 1.808.131 гласачи. Во вториот круг имало 30.442 (3,61%) неважечки гласови. Одѕивот е 46.7 проценти, или излегле да гласаат 844.365 лица, што значи дека е достигнат потребниот цензус. Резултатите се официјални но не и конечни. 

Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот на овие избори значи загарантиран пат напред кон ЕУ и НАТО - рече Пендаровски кој им се заблагодари и на противкандидатите Сиљановска Давкова и Блерим Река.

Денешниот изборен ден навистина помина навистина добро, мирно достоинствено, без поголеми нерегуларности. На избирачките места не се пријавени нерегуларности - изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција.

Јавниот обвинител и претседател на Комисијата за следење на изборни нерегуларниост поврзани со изборите, Џелал Бајрами, изјави дека изборниот ден поминал во најдобар ред, со исклучок на еден настан пријавен на територија на Вишо јавно обвинителство Гостивар.

Како мина гласањето во вториот круг за претседателските избори на територијата на велешко.           

Гордана Силјановска  Давкова   Стево Пендаровски

                                                                            неважечки  

  излезност     

ОИК Велес     13.285 (54,06%)   10.454 (42,5%)     836 (3,4%)      53,4%        

ОИК Градско     1.054 (43,2%)     856 (43,2%)         71 (3,6%)        63,1%

ОИК Лозово       745 (53,2%)       589 (42%)             67 (4,8%)       70,9%

ОИК Чашка     1.236 (37,4%)    1.999 (60,6%)          65 (1,9%)        54,7%

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »