речник контакт

Персонални промени во Велешкиот совет

Мемедов си оди, доаѓа Селмановиќ

Петар Печков

Откако од пред некој ден Бејхан Мемедов се вработи во локалната самоуправа на општина Велес, по сила на Законот тој си поднесе оставка на местото советник во општина Велес.  Тој заминува а доаѓа Саниха Селмановиќ од Партијата на Бошњаците.

Така таа ќе има можност да седне на советничкото столче, за кратко, до крајот на годинава и првиот месец од следната, оти потоа оваа институција се распушта поради мартовските локални избори. Мемедов на функцијата советник од Демократска партија на Турците беше осум години. Негово работно место е помлад референт за спорт и односи со немнозинските заедници во општината.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »