речник контакт

Персонални промени во раководниот кадар во образованието

Виларова просветен инспектор, Јанков директор на Хемиска, Брзева в.д во Благој Кирков

Петар Печков

Именувани се  два нови кадри во образовниот систем на локално ниво, а по распишаните конкурси. 

Македонка Виларова професор по македонски јазик е новиот општински просветен инспектор, а доаѓа по пензионирањето на претходникот Божо Јовиќ.  Таа дојде од местото директор на ОУ Благој Кирков, каде сега за в.д е именувана Сениха Брзева професор по математика и информатика, која треба да ја спроведе постапката за распишување на конкурс за нов директор. 

Досегашниот в.д директор на Хемиското училиште Димитрија Чупоски Горан Јанков е новиот директор на оваа образовна институција .Јанков е дипломиран професор по англиски јазик. Во тек е конкурсот за избор на директор на средното училиште  Коле Неделковски.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »