речник контакт

Петмина велешки пожарникари заминуваат во Турција да помагаат од последиците на земјотресот

Тие заминуваат со едно теренско возило и потpебна опрема за заштита и спасување

Петар Печков

Петмина велешки пожарникари заминуваат за Република Турција, во регионот кој завчера го потресе силен земјотрес од 7,8 степени.

Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров кои дадат својот придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес.

„Со едно возило и потребната опрема за заштита и спасување овие пожарникари во наредниот период ќе дадат дополнителна помош на пријателскиот турски народ“- соопштија од Општина Велес.
.
Нашите мисли ќе бидат со Вас,помогнете и Ве чекаме назад во добро здравје, сите на број.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »