Петар Печков
Објавено: сабота, 26 септември 2020
Два нови случаи на позитивни со ковид-19 и дури петмина оздравени ја намали бројката на активни случи во велешко. Денес таа се симна на 33 лица.
Имаме случај на вработен од Скопје, кој смета дека таму се заразил, и една жена која не може да прецизира од каде го добила корона вирусот. Има и петмина оздравени, четворица се од домашно лекување и еден е од Инфективно одделение - изјавија од Центарот за Јавно здравје Велес.
Досега во велешко има 317 лица кои биле заразени, 269 оздравеле и 15 се починати.
На Инфективното одделение во велешка Болница се наоѓаат 16 хоспитализирани пациенти, 15 се потврдено позитивни и за еден се чекаат резултати.
Tweet |