речник контакт

Пет години пропаѓаат непроценливи дела на Папрадишки и Зографски

Иако неколку години жителите на Папрадиште реагираат на унишувањето на иконите и иконостасот во селската црква „Св.Петар и Павле“ досега ништо не е превземено за санација на ова културно и национално богатство.

Петар Печков

Иако неколку години жителите на Папрадиште реагираат на унишувањето на иконите и иконостасот во селската црква „Св.Петар и Павле“ досега ништо не е превземено за санација на ова културно и национално богатство. Црквата, дело на Андреја Дамјанов а иконите дело на Димитрија Андонов Папрадишки и Ѓорги Зографски, времето непоправливо ги уништува а надлежните државни институции не реагираат. Дел од иконите ги уништила влагата, други црвојаднина.

\"\"

- Кога им требаа иконите за да ги прикажуваат во Ватикан и Рим, Италија или низ земјава, ги земаа и ветија дека ќе ги санираат или реставрираат. Но ништо од тоа, иконите ги прошетаа и ги вратија, но и натаму тие се оштетени. Ова е значајно културно богатство, кое нема цена, нашите предци иако сиромашни го создале, ние сега по 150 години не сакаме да го сочуваме  – вели Трајко Јорданов, член на црковен одбор на храмот Св.Петар и Павле во Папрадиште. За ваквата состојба запознати биле и надлежните од Заводот за заштита на спомениците. Поради тоа што тие ништо не превзеле  за санација, папрадишани во знак на револт најавуваат дека иконите повеќе нема да ги позајмат за да бидат презентирани било каде во земјава и странство. Зачудени од инертноста на државните институции се и стручните лица, кои не  можат да веруваат дека вакво национално бгатство се распаѓа.

- На Петровден дојдов во Папрадиште и случајно, а по покана на мештаните влегов во локаната црква која е импозантна. Домаќинот на црквата за жал ми ги полажа иконите и иконостасот кој времето ги уништило. Тоа што дела од 19 век, скапуваат од влага или фаќаат црвојаднина е трагедија. Како сите да дигнале раце од нив, тоа е страшно – Василев Василев, склуптор и професор на Факултетот за ликовна уметност. Црквата Св.Петар и Павле е изградена 1875 година, иконите се со регистрационен број и евидентирани од страна на Заводот за заштита на спомениците. Надлежните за  иконите во Националниот конзерваторски центар  објаснуваат дека досега никој кај нив не се обратил за овој случај, но откако Дневник ги праша за проблемот, тие најавија дека ќе се обидат да го решат.

\"\"

- Ниту велешкиот музеј, ниту  Управата за заштита на спомениците досега кај нас не се обратиле за да ги заштитиме овие вредни икони. Бидејќи во тек е конкурсот за одобрување на средства за наредната 2010 година, со кои треба да се изврши реставрирање на културното богатство, ќе аплицираме за овие икони, со цел тие да се заштитат . Доколку се одобрат средства во рамките на можностите и обемот на работата, тоа и ќе го сториме – изјави Зоран Георгиев, програмски директор на Националниот конзерваторски центар.                

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »