речник контакт

Пет дена по ред воздухот во Велес со високи концентрации на ПМ 10 честички

Локалната власт со препораки до граѓаните, како да се заштитат од загадениот воздух

Петар Печков

Пет дена по ред воздухот во Велес е со високи вредности, поголеми од граничните вредности. Апаратите на Министерството за животна средина од мерно место Тунел измериле  ПМ 10 честички на 16 февруари  -114,9 мг/м3,  17 февруари  110,7 мг/м3, 18.02 -145,9 мг/м3 , 19.02 - 123,5мг/м3, 20 февруари - 120,2 mg/m3.

Со ваквата состојба надминат е прагот на информирање кој е 100 мг/м3 два дена последователно. За ова информираа од Општина Велес со препораки до граѓаните.

„Да не се користи прегорено отпадно масло за загреваіъе на простории, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, да се користи суво огревно дрво и редовно да се чистат оцаците, да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба и повеке лица да се возат со едно возило во исто време“- соопштија од локалната власт.

Оваа зима  и во периодот 8 до 11 февруари, четири дена беше надминат прагот на информирање, кога беа измерени  вредности над 100 мг/м3 . На  08.02 -125,4 мг/м3,  09.02 -148,02 мг/м3, 10.02 -141 мг/м3 и  11.02- 108 мг/м3.

Прагот на алармирање  е кога во текот на два последователни дена се измерени количества на ПМ 10 честички  над 150 мг/м3.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »