речник контакт

Пет најнеобични последици од кризата во Европската унија

Во Франција пиците помали, во Грција се исекоа старите маслинки, водата во базените за капење поладна, во Шпанија наградите од најгледаниот квиз не исплатени...

Петар Печков

Последиците од рецесијата со која се соочуваат многу земји на Европската унија не се чувствуваат само на пазарот на трудот или на потрошувачката кошничка.

Едно европско истражување покажа дека кризата има и некои целосно неочекувани ефекти. Така во Франција пиците се помали. За една година, големината на средна пица е намалена од 32 на 31,3 сантиметри, а цената од 9,7 евра порасна на 10,4 евра. Со други зборови, за 70 центи повеќе добивате 4,3 отсто помала пица.

Во Милуз на северниот дел на Франција, водата во сите базени во градот оваа година ќе биде постудена за еден степен, а на тој начин градот ќе заштеди 240.000 евра. Во следните две години, француската Влада планира да го намали буџетот за финансирање на општините, а за да се подготват однапред за тоа властите во Милхус имаат намера да ја зголемат цената на влезниците на Зоолошката градина, како и да го намалат буџетот на градскиот превоз за половина милион евра.

Во Грција, која кризата најлошо ја погоди, минатата зима беше многу студена, а цената на нафтата за домаќинства двојно се зголеми во однос на 2012 година. Поради недостиг на енергенси, исечена била и легендарното маслиново дрво, старо 2400 години, а од него се добиени дрва за огрев.

Во Шпанија победниците во популарниот квиз не ја добиле паричната награда која ја чекаат уште од 2011 година, бидејќи продуцентската куќа банкротираше на почетокот на јули. Истиот квиз е заменет со емисијата Салвадос, која се занимава со економската криза и моментално е една од најгледаните во Шпанија.

Но, не им оди лошо на сите, посебно на козметичката индустрија поради „ефектот на розата“. Имено компаниите кои произведуваат козметички препарати добро работат бидејќи жените повеќе се шминкаат за да не мислат на лошо, а и да привлечат богати мажи, а овој тренд е забележан и за време на големата депресија во 1930-тите години.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »