речник контакт

Пет филмови за велешани на 9 тиот Фестивал на нов германски филм

Започнува среда вечер а ќе трае до петок. Влезот е бесплатен, филмовите ќе се прикажуваат во салата на театарот

Петар Печков

Со Филмскиот фестивал сакаме да дадеме свој придонес во развивањето на кино-културата во некои градови и повторното заживување на затворените кина. Со исчекување го очекувам јубилејот Десетгодишнина од Германскиот филмски фестивал, со кој ќе се одбележи германско-македонското кинематографско пријателство. Овој културен дијалог помеѓу двете наши земји не би можел да се оствари без Вашиот интерес за германскиот филм и Вашата поддршка. Од тие причини би сакала да Ви се заблагодарам пред сè, Вам, на пријателите на германскиот филм.

Исто така благодарност сакам да им изразам и на нашите партнери, ПроКредит Банка и МКЦ Скопје, Центарот за култура во Велес. Овој фестивал не би можел да се одржи без заедничкиот ангажман. Се радувам што и оваа година можеме да Ви прикажеме разновиден пресек на најновите продукции на германските кинематографи и на сите нас ни посакувам добра забава и пријатни мигови за време на Фестивалот на новиот германски филм 2013.
Гудрун Штајнакер
Амбасадор на Сојузна Република Германија

Претежно ведро среда 20 часот


Дење работа во една голема кантина, ноќе низ баровите во градот – вака изгледа животот на двајцата најдобри другари Тим и Кен. За да имаат поголем успех кај жените разработиле метод кој е многу сомнителен – едниот од нив се претставува како да е смртно болен – за на тој начин да ја стекнат наклоноста на жените за една ноќ. Кога Тим ја сретнува Мари, овој метод постигнува противен ефект бидејќи сестрата на Мари е навистина смртно болна. Таа веднаш ја сфаќа  играта на Тим и Кен, но забележува дека Тим и Мари се заљубени еден во друг и го задржува ова сознание за себе. Самата Еда исто така има уште многу идеи за остатокот од својот живот, а за ова и треба помошник, така што бара од Тим да се жртвува за нејзиното молчење. Со овој филм Елијас Мбарек ја добива наградата Јупитер за најдобар германски глумец во 2013 година.

Жанр: Комедија, Драма Режија: Марко Петри  2012год , 99 минути

Човек го прави тоа што го може четврток 21 часот

Весела љубовна комедија за вечниот самец, кој ја сретнува жената од соништата кога таа се наоѓа пред свадба“ (kino.de)

Светот на Паул е сосем во ред. После разводот живее заедно со своето верно куче како убеден самец во еден прекрасен апартман во Берлин. Во моментот кога ветеринарката Ирис, која веќе има вереник, влегува во неговиот живот веднаш станува јасно дека неговиот мир наскоро ќе исчезне. Не само што се разнишува цврстото убедување на Паул за самечкиот живот, туку и еден по друг му доаѓаат пред врата пријателите и познаниците натоварени со своите помали или поголеми проблемчиња. Сите тие се стационираат во станот на Паул и, секогаш со чаша црвено вино в рака, дискутираат за животот и сè што е поврзано со него.

Жанр: Комедија Режија: Марк Ротемунд  2012 год, 107 мин

Секогаш другите се виновни 19 часот

Бенјамин добива втора шанса. Како млад престапник добива единствена можност за ресоцијализација во една група со други млади деликвенти за да научи што значи да се преземе одговорност. Секојдневието се чини како добредојдена промена за Бен се додека не се појавува мајката на групата. Веднаш му станува јасно која е таа: Ева, жената која тој пред години брутално ја нападнал. Поради маската во тоа време се извлекува без да го откријат, а случајот никогаш не се разјаснува. Изненаден и шокиран од ваквата ситуација Бен се обидува да биде неупадлив. Сепак, наскоро станува јасно дека ова не е излезот на кој тој се надева. Филмот „Секогаш другите се виновни“ на Фестивалот на германскиот филм во 2012 година ја доби наградата од публиката, беше номиниран за Германската филмска награда во категоријата „најдобра машка улога“ и „најдобро сценарио“, а исто така го доби и „предикатот особено вреден“ од Германската институција за филмска и медиумска критика (FBW).

ЈОКО петок 19 часот

Авантуристички семеен филм за пријателството меѓу едно девојче и едно рунтаво суштество од приказните од Хималаите“. Пиа сè уште тагува по својот починат татко кога го доживува следниот ужас. Качувајќи се во својата куќичка на дрвото одеднаш пред неа здогледува едно малечко бело кадифено суштество, едно вистинско Јети. Пиа одлучува да го задржи и му го дава името Јоко. Отсега таа не само што се бори со чудните навики на Јоко, како што е на пример неговото уживање во замрзнати стапчиња од риба, туку мора и да го крие од мајка си и помалата сестра. На крајот се појавува и големиот ловец на диви животни Тор ван Снајдер, кој е во потрага по Јети, така што на Пиа ù станува јасно дека се впуштила во опасна авантура.

Жанр: Детски филм Режија: Франциска Бух    2012 година, 102 минути

Големиот сон петок 21 часот

„Спојот на историски факти и фиктивно дејство функционира одлично и приказната е раскажана со многу хумор и доследност. (...) Така се создава крајно емоционален филм за секоја публика, за семејствата и за фудбалските фанови.“

Неколку години по германско-француската војна, Германското царство пука од патриотизам и национална гордост. Давањето часови по англиски во ова време е неблагодарна задача. Младиот професор Конрад Кох сепак стапува на служба како професор по англиски во една стара почитувана гимназија во Брауншвајг и очекувано се соочува со голема незаинтересираност кај неговите ученици, кои сметаат дека во Англија и така наскоро ќе се зборува германски. Конрад сепак не се предава и употребува еден трик: фудбал!!! Овој спорт, дотогаш скоро непознат во Германија, наскоро станува најомилената забава на неговите ученици, па сепак, не сите се задоволни од ваквиот тек на нештата...

Жанр: Драма Режија: Себастијан Гроблер 2011 година, 105 минути

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »