речник контакт

Пешак се здоби со скршеница, откако бил удрен од автомобил во Горно Оризари

Увидот на сообраќајната полиција треба да ги открие причините за сообраќајниот инцидент

Петар Печков

 
Неделата на пладне во Горно Оризари се случила сообраќајна незгода, кога автомобил удрил во пешак, кој од ударот се здобил со скршеница. СВР Велес информираше за инцидентот.

На 13-ти септември  во 13 часот било пријавено дека во Горно Оризари на ул.“Сараевска“, патничко моторно возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.О.(66) од  Горно Оризари, удрило во Е.Ш.(42) од Велес - пишува во писмената информација на Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.

Во незгодата Е.Ш. се здобил со тешка телесна повреда констатирани во Општата болница Велес.
Кај повреденото лице констатирана е скшеница на десна потколеница, имобилизиран е и пуштен на домашна нега - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе биде позната причината за сообраќајната незгода.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »