речник контакт

Пешачката патека на Железен мост предадена во употреба

По повод денот на општината, предадена во употреба пешачката патека на Железен мост, која ја изгради Делта пром. Со неа се скратува патот за неколку илјади велешани од стариот дел на градот, на патот кон центарот на Велес

Петар Печков

Новата патека која е во должина од скоро 245 метри и широка 1.95 метри е коловозна армирана бетонска плоча со подлога од челик, поставена на челична конструкција.  Во должина од целата патека има метална ограда и канделабри за осветлување.

Во нејзино продолжение беше бетонирана патека во должина од 80 метри за пешаците кои ја користат, непречено да се движат. Целокупната инвестиција на локалните власти е вредна 6 милиони денари.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »