речник контакт

Пешачките премини чекаат фарбање

Временските услови го определуваат работењето објаснуваат од локалната власт

Петар Печков

 Пешачките премини во градов скоро и да не се препознаваат. На ваквата состојба  реагираат и возачите и пешаците. Сите чекаат кога ќе се изведе хоризонталната сигнализација. 

 Мошне бргу пешчките премини побелеа. Сега е тешко човек да се снајде на улица. Треба што побргу да се одбележат -велат велешани. 

Од локалната власт уверуваат дека  оваа обврска не е заборавена.

Не се поволни временските услови за одбележување на хоризонталната сигнализација. Немаме  континуирано топло време која би ја задржало бојата, имаше врнежлив период. Потребно е континуирано подолго време да бидат повисоки температури без врнежи. Налозите се дадени на фирмата која треба да го изврши одбележувањето  -  вели градоначалникот Чадиев. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »