речник контакт

Пироманот - Боката

Пироманот кој се обиде да си ја запали жената, заедно со куќата.

Петар Печков

Кошмарно вторнично попладне за велешанката Светлана Ангелова откако нејзиниот поранешен сопруг Благој Ангелов - Боката (61 год) се обидел жива да ја запали заедно со куќата на улица Владимир Назор бр.180 во која живееле.

\"\"

Таа со крајни напори успеала да се спаси откако била и физички нападната со секира по што се наоѓа на нервното одделение во Градската Болница каде се лекува од доживеаниот шок. Во болничката соба го раскажа трагичниот настан.

- Со поранешниот сопруг, од кого подолго време сум разведена живеевме под ист покрив, во иста куќа. Тој постојано ми се закануваше дека жива ќе ме запали заедно со куќата. Некаде околу 17,15 часот отидов во ВЦ, по што тој вратата ја затвори со дрво и неможев да излезам. Потоа се пофали дека заканата ќе ја реализира и запали куќата со мене. По малку време почувстував чад, барав помош и некако, едвај успеав да се извлечам од малото прозорче од задната страна. Но налетав на Благој кој ме нападна со секира и почна да ме удира. Се бранев, истрчав надвор на улица каде ме спасија соседите - изјави Светлана покажувајќи ги раните на десната рака и нога, која ги здобила од ударите со секира.
 
\"\"

Според невропсијихатрот д-р Катица Николова, пациентката е примена на нивното одделение поради шокот што го доживеала, видно вознемирена од наста?от, под стрес од обидот да биде убиена. Таа била донесена во болница по повик од комшиите, кои сведочат дека пироманот Боката седел на улица и се фалел дека ја запалил куќата со поранешната жена а подоцна дека него го привела полицијата.

Во текот на испитувањето во СВР Велес тој потврдил дека ја затворил Светлана во неа и ја запалил куќата со петролеј. Против него поднесени се две кривични пријави за убиство во обид и предизвикување на општа опасност.
\"\"

Соседите на улица Владимир Назор беа потресени од настанот, жените уплашени додека мажите несебично учествувале во гаснењето на пожарот. Бидејќи објектот е во стариот дел на Велес, каде куќите се лепенки постоела голема опасност да бидат зафатени и другите околу неа. Но брзата реакција на пожарникарите и соседите спречи трагедија.

- Слушнав како сврискаа жените од маалото. Кога излегов видов чад од куќата на комшијата. Веднаш се организиравме, земавме црева и ги полевавме околните ѕидови, пожарот да не се префрли. Други го гасеа тој внатре во куќата, која беше стара со многу штици и огнот брзо се ширеше. Морам да кажам дека пожарникарите брзо дојдоа - изјави Ангелко Тошевски, прв сосед на Ангелови.

\"\"

При гаснењето на пожарот настрадаа и двајца учесници, еден пожарникар кој паднал во канал и еден од соседите, свештеник на МПЦ кој доживал струен удар бидејќи гасел кога струјата не била исклучена. И двајцата поминаа со полесни повреди.

Пироманот Борислав Ангелов неодамна тврдеше дека докторите и сопругата се обидуваат со лекарства да го отрујат.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »