речник контакт

Питите пастрмалии годинава без пастрма

Угостителите велат немаше пастрма, месарите објаснуваат годинава доцни подготовката, есента беше топла

Петар Печков

Годинашниот Фестивал на питата и виното, за поголем дел од гостите остана без традиционалниот вкус на пастрмата.  Овој неодминлив дел од велешката пита, го немаше на токму по него препознатлива пастрмалија.  Реагираа  гастрономите. 

 Дојдовме до Скопје да вкусиме велешка пастрмалија, но на ниту еден од штандовите ја немаше. Ни нудеа пита, ами таа без пастрма не е  тоа. Требало  угостителите да се организираат, да не се случи ваков сериозен пропуст - кажаа семејство од Скопје кое саботата попладне беше во Велес.      Сопствениците на ресторантите вината ја префрлаат до месарите.   

 Во неколку месарници побаравме, но немаше. Или тоа што го имале се продало, или немаа уште подготвено. не знам зошто така се случи, иако Питијадата годинава е подоцна од минатите години - вели угостител.   И месарите имаа одговор, зошто традиционалниот локален специјалитет, сушеното овчо месо -  пастрмата ја немаа во понудата.

Годинава, поточно есента беше многу топла. Месото што го обработивме  да се суши, тешко дека ќе може да 23 степени колку што беше до петокот, да се исуши. Ќе ја нема и наредните две седмици.  некаде имаше малку готово и тоа бргу се продаде - кажа познат велешки месар, кој го подготвува овој специјалитет.  

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »