речник контакт

Питијадата 2025 може да почне

Пријавени се петнаесетина штандови учесници. Договорена цена е 250 денари за пастрмајлија. Саатница на музичарите учесници на Питијадата

Петар Печков

Договорена цена за пита пастрмајлија,  помеѓу учесниците и организаторот е 250 денари, соопштија од Општина Велес. На улицата Благој Ѓорев има пријавено 15-тина штандови и учесници. Ова се новините околу учесниците на годинашнава Питијада, кои досега не беа објавени.  

 Саатница на учесниците
     10 октомври петок
17:45 децата од градинката Димче Мирчев
19:00 сечење на големата пастрмајлија
19:30 група Соната
20:45 2 бона
22:00 Куку Леле
23:30 Калиопи

       11 октомври сабота
12:00 Стела и Сани
19:00 Кате и Ѓоко Ѓорчев
20:15 Пајак
21:30 Мики секуловски
23:15 Северина

      12 октомври недела
12:00 Златно славејче
18:30 Анета Љумаковска
19:45 Либеро бенд
21.45 Викторија Лоба
22:30 Бајага и инструктори

Од петок попладне до недела вечер ќе биде поставен базар на рачни ракотворби со 20 учесници од Велес. Локација влезот на Гимназија

Недела од 11 до 16ч. ќе има изложба на стари звтомобили во возна состојба. Засега се пријавени 70 олдтајмери од Македонија, Србија, Хрватска.  Локација од Авона до Бос.

Недела велосипедска тура  локација Шато Сопот.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »