речник контакт

Пица испечена во Италија за нов Гинисов рекоpд

Пицата е долга 1,15 км а печена во 6 рерни

Петар Печков

Италија си го обезбеди нејзиното место како главен град на пиците во светот.

 Како дел од „Еxpo 2015“ во Милано, во саботата, 60 мајстори за пица се собраа заедно за да направат една огромна пица. Тие искористија 1.7 тони брашно, 1.5 тони моцарела и 2 тони доматен сос за да направат пица долга приближно 1.15 километри, односно 1 милја. Пицата била печена во 6 рерни.

Импресивната пица за која биле потребни 18 часа успеа да го сруши светскиот рекорд. Гинисовата книга на рекорди потврди дека титулата „Најдолга пица во светот“, сега ја имаат готвачите од Милано.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »