Петар Печков
Објавено: сабота, 06 јуни 2026
Пациент предизвикал неред во здравствена амбуланта, уапсен од полицијата и констатирано дела бил пијан. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 05. Мај во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата регистирала уште еден настан по полноќ.
„На 6 јуни во 03:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Ј.(49 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес било сопрено патничко возило „хонда“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта“ – дополни Милевска Ѓеоргиева.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
| Tweet |




