речник контакт

Планинарите ја одбележаа 75 годишнината од Февруарскиот поход (фото)

Учествуваа 40-тина планинари кои пешачеа 20 км

Петар Печков

Викендов, традиционално по осми пат, се одржа планинарскиот марш „Февруарски поход 2019“. Релацијата беше село Гостиражни-село Папрадиште. Повеќе од  40 планинари тргнаа од железничката станица од Гостиражни и стасаа во Папрадиште. 

Попатно колоната направи одмор на превојот меѓу Папрадиште и Богомила.  На маршот учествуваа планинари од Велес, Скопје, Битола, членови на планинарските друштва „Грин пауер“,  „Китка“, „Металург“, ученици,  пензионери, кои сите заедно препешачија околу дваесет километри. 

Учеството на вакви манифестации е симбол на единство, сплотеност со природата, одвикнување од лошите пороци на денешницата и продолжување на традицијата - вели Зоран Игновски престедател на СПД ,,Зелен рај,, организатор на Февруарскиот поход. 

Маршот беше одржан во организација на СПД „Зелен рај“ и нивните пријатели од ЕГ „Грин пауер“ кои несебично помогнале за успешноста и реализацијата на истиот а е подржан од Општина Чашка. 

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »