речник контакт

Планинарски марш за поддршка на болните од пулмонална хипертензија (фото)

На овие луѓе освен што им треба поддршка потребни им се и лекови

Петар Печков

Во неделата, дваесетина планинари се искачија на врвот Кадиица 1.434 м  од истоимената планина во регионот на Азот, за да дадат своја поддршка за  болните од  ретката болест „пулмонална белодробна, хипертензија“.  Планинари од Велес, Куманово, Битола и Пробиштип дадоа придонес, за да се слушнат и актуализираат проблемите на  болните од оваа ретка болест. Маршот беше под мотото „Качи се на врв, земи здив – за живот“ .

Ја дадовме  несебично нашата  поддршка на лицата со пулмонална хипертензија и за подигнување на свеста кај населението дека на овие луѓе освен што им треба поддршка потребни им се и лекови - вели Зоран Игновски од Спортско планинарското друштво ,,Зелен рај,, кое беше организатор на настанот. Овој марш годинава се одржа по петти пат и е реализиран со помош на Општина Чашка. 

Во Македонија има 17 регистрирани пациенти, од кои три се деца, со пулмонална хипертензија. Кај некои од нив болеста се третира како секундарна, односно добиена како последица од друга болест и заради тоа не можеа да влезат во листата на ретки болести. Според Ѓурѓица Каева, претседател на Здружението на заболени од пулмонална хипертензија ,,Момент плус,,  за неполни две години, во земјава починале  тројца пациенти чекајќи ги неопходните лекови.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »