речник контакт

Платеното огревно дрво за домаќинствата е дистрибуирано уште пред еден месец

Моментално дневно се продаваат 10 до 20 просторни метри дрво

Петар Печков

Во средината на октомври месец завршила дистрибуцијата на огревно дрво за граѓаните кои претходно го платиле.  Моментно се врши дневна сеча која веднаш и се продава, ако  има заинтересирани. Ова го кажа директорката на Шумско стопанство Бабуна Љубенка Попова.  

Граѓаните кои има уплатено огревно дрво одамна ги добија платените количини. Тоа го завршиме пред еден месец, во средината на октомври. Имаме тековна продажба, ако стигнат 10 20 30 просторни метри дрво истите ги продаваме. Аванси на земаме, оти  секачите може секој момент да се симнат во градот, зависи од времето.  Залихи немаме, тоа што се сече веднаш се носи и продава  - изјави Попова.     

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »