речник контакт

Плацовите во индустриските зони Речани и УЗУС 2 се распродадоа

Чудна е филозофијата на велешките бизнисмени.Кога се продаваше градежното земјиште по 700 денари за квадрат, немаше интерес, сега кога беше по 61 денари одредени плацови се продадоа за 1.150 денари

Петар Печков

Дваесет и пет парцели  во две индустриски зони, Речани и УЗУС 2 кај Велес се продадоа како ,,алва,, на  двете јавни наддавања одржани  во Министерството за транспорт и врски.  На овој начин собрани се  16,2 милиони денари, од кои 80 отсто завршат во локалниот Буџет на општина Велес, кој за девет месеци се наполнил за 57 отсто. Општина Велес од оваа продажба очекува двојна добивка

Овие средства во голема мерка ќе го наполнат нашиот Буџет, па ќе можеме да ги искористиме за одредени инвестициски и комунални зафати. Со продажбата на овие преостанати слободни плацови чија намена беше за мало стопанство, занаетчиство, магацини,  ќе бидат ангажирани ново вработени, со што ќе се намали невработеноста во градот – изјави Горан Петров градоначалник на Велес, по информацијата дека се продадени сите понудени  слободни 25 плаца во двете индустриски зони.

Во индустриската зона Речани  на наддавање беа 18 градежни парцели со вкупна површина од 17.910 метри квадратни, за кои пристигнале вкупно 175 пријави за учество. Највисоката постигната цена по парцела од 1.150 денари по метар квадратен  изнесуваше  без малку дваесет пати  повеќе од почетната. 

На второто јавно наддавање за индустриската зона УЗУС за седум градежни парцели со вкупна површина од 5.144 метри квадратни, пристигнале вкупно 43 пријави за учество. Највисоката постигната цена по парцела изнесуваше 610 денари по метар квадратен или десет пати повеќе од почетната, а вкупната постигната цена за сите седум парцели изнесува 1.508.677 денари.

Претходно овие локации  се продаваа по 700 денари од квадрат, но во двата обиди немаше интерес поради високата цена, па лицитациите пропаднаа. И двете индустриски зони се инфраструктурно опремени, со струја, вода, пат и на нив веќе работат десетина фирми, кои ангажираат 450 лица. Во Велес има 16 илјади невработени лица.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »