речник контакт

Плаќаат придонеси а тешко се лекуваат

Неколку илјади велешките пациенти, осигуреници во други градови, наидуваат на проблеми при здравствените услуги летово.

Петар Печков

Неколку илјади велешките пациенти, осигуреници во други градови, наидуваат на проблеми при здравствените услуги летово. Бидејќи Фондот за здравство подолго време не ги платил нивните придонеси, тие кога ќе отидат кај матичниот лекар, посочуваат дека докторите ги потсетуваат за неподмирените обврски.

- Летниве ?есеци се случуваше децата да одат на лекар, но иако бевме примени и ги добивавме потребни лекарства и третман, матичниот доктор велеше дека треба на работа да бараме од надлежните да ги платат  придонесите, бидејќи тие од почетокот на годинава немаат добиено пари од нас. Знам дека од платата редовно ми се одбиваат овие давачки и ме чуди како не се префрлаат. Во случајот не сме виновни а ги сносиме последиците - вели велешко семејство кое е осигуреник преку ФЗО во Скопје, бидејќи таму е вработен  носителот на здравственото осигурување. Велешките доктори објаснуваат дека нивното трпение е при крај и ќе мора да што поскоро да се платат придонесите за да не се случи да се откаже приемот на овие пациенти.

- Шест месеци  ФЗО не ги плаќа придонесите на осигурениците кои се евидентирани во други места на живеење, надвор од Велес. Нашите пациенти велат дека редовни ги плаќаат обврските а на нашите сметки нивните пари не стигнуваат. Не е во ред Фондот овака да постапува со корисниците на нивните услуги, платени придонеси а парите не ги префрла до нас - велат велешките приватни доктори.

Според нивните пресметки долгот кон секој лекар е повеќе од стотина илјади денари за шест месеци од годинава, а бројката на вакви пациенти е повеќе од  неколку илјади На овој начин сите вработени во ЈП Македонски Железници, ЈП Македонски Пошти, АД Телеком, но и фирми чие седиште  е во Скопје, Гевгелија, Гостивар, Штип, Битола, а вработените се со место на живеење во Велес се неоправдани. Од Републичкиот Фонд за здравство за овој проблем знаат, но одговор зошто е така не даваат.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »