Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 декември 2025
Кошаркарите на КК Борец баскет го добија дербито на Првата лига група Исток. Тие го совладаа лидерот КК Струмица со 79:73 (47:36).
Во сите 40 минути велешани беа во водство, гостите се закануваа но домаќинот имаше одговор за сите нивни обиди за пресврт, за на крајот заслужено да се радуваат.
По ова 8-мо коло КК Борец баскет е во групата од три екипи кои го делат врвот, со КК Струмица и КК Соколи кого го совладаа мината недела. Во следното коло велешани се слободни.
| Tweet |




