речник контакт

Победа за Превалец, пораз за Гемиџии во судиско продолжение

Борец ова 16-то коло Трета лига Југ беше слободен

Петар Печков

Продолжуваат натпреварите од првенството на Трета лига Југ. Во 16-тото коло настапија две велешки екипи.  

Превалец дома со тесни 2:1 (1:0)  го совлада седмо пласираниот Партизан од Обршани.   И натаму превалчани се четврти со 32 бода   и дојдоа до бод разлика до трето пласираната Победа, која овој пат дома одигра нерешено, но има натпревар помалку.  

Гемиџии загубија  во Удово од  10-то пласираната екипата на Младост со 3:2, со гол примен во судиското продолжување во 92-та минута.   Гемиџии се шести со 23 бодови. И натаму на врвот нема промени Кожува е прв со 45 бода а Борец кој ова коло паузираше е втор со 35 бодови. 

Во следното коло Борец 1919 гостува на Големо Коњари кој е 12-ти со 13 бодови, Гемиџии со шанса за победа против претпоследната тим од табелата, играат дома со Росоман а Превалец гостува на лидерот Кожуф во Гевгелија. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »