речник контакт

Победа за кошаркарите и висок пораз за фудбалерките

Кошаркарите трети во Вотра лига, фудбалерките седми во Прва

Петар Печков

 Во  Првата лига фудбал жени, велешки Борец е поразен со високи 6:0 на гостувањето во Кочани од истоимената екипа, која е втора  на табелата и се бори за титулата првак.  Домаќинките повеле уште во 2-тата минута, но и покрај се младите велешанки оставиле добар впечаток на ова гостување.  Во следното коло, сабота во 11ч. во Велес гостува екипата на АС Јунајтед од Струга.  Стружанки по 12 кола се 5-ти со 16 бодови, додека Борец е 7-ми со 13. 

 Во втората  кошаркарска лига, во салата Гемиџии се одигра дербито на 13-тото коло. Велешки Борец Баскет го победи Тетекс ТТК 86:71. И двете екипи имаа досега ист број бодови, а со оваа победа велешани се искачија на третото место со 19 бода. Во следното коло тие гостуваат на Пелистер во Битола кој има 18 бодови. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »