речник контакт

Победа за одбојкарите во дербито со Пробиштип

Пораз за кошаркарите на Борец баскет во Третата лига

Петар Печков

Победа во дербито за одбојкарите на ГОК Борец, со што есента ја завршија на второ место. Во саботата во Пробиштип против  истоимената екипа, која беше второпласирана а велешани трети, ја совладаа  со 3:2 ( -18. - 23, 21, 18, -8). Тоа билоинтересен и возбудлив натпревар во кој велешани се вратиле во игра иако губеле со 2:0 израмнуваат на 2:2. Во тај- брекот победуваат со 15:8 со што стигнуваат до два бода и до второто место на табелата. Есенскиот дел го завршија со еден пораз од лидерот Струмица, во второто коло. Првенството продолжува  напролет.  

Овој викенд требаше да се одигра дерби  натпеварот од футсал лигата помеѓу  Кратово и екипата на Велес, но истиот е одложен.

Се одигра последното есенско коло и  во Третата лига кошарка. Екипата на Борец баскет загуби во Скопеј од Партизан Мулти Шпед со 92:87. По девет кола велешани се  четврти со 14 бодови, во група  од три екипи  со  ист однос на победи и порази. Првенството продолжува  напролет во февруари.  

АНКЕТА »

Дали стравувате од корона вирусот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »