речник контакт

Победа за ракометарите, нерешено за футсал екипата на Велес

Превалец и Борец со победи во Третата лига Југ

Петар Печков

Убедлива победа од 33:20 (18:9) забележаа ракометарите на ГРК Борец. На домашен терен тие ја совладаа втората екипа на Металург, во натпревар каде немаше неизвесност, освен  со колку голови  предност велешани ќе слават.   Најефикасни кај домаќините беше Гинов со девет гола а кај  гостите  Танкоски со 10.  И натаму Борец е петти во разигрувањетоз а опстанок со 19 бода или два  помалку од Пролет. Петото место носи бараж за опстанок со второпласираниот тим од Првата лига.  Во следното коло, викендов Борец гостува на втората екипа на Вардар која е втора со 27 бодови. 

Футсал екипата на Велес се врати со еден бод  од гостувањето на последно пласираниот тим на Скопје играјќи 2:2. Така по 24 кола Велес е 7-ми со 28 бодови или три повеќе од девето пласираниот Црна Река. Велешани се борат да го избегнат оти тоа носи бараж за разигрување во најквалитетното друштво од Првата футсал лига. Во следното коло  велешани ја пречекуваат екипата на Илирет од Куманово  која е петта со  36 бодови.

Во 20-тото коло од Третата лига Југ победи на домашен терен,  за двете велешки екипи, Превалец и Борец 1919. Превалец ја победи Победа од Валандово која е второпласирана, со 5:3. Со овие три  бода Превалец е четврти со 33 бодови. Борец 1919  победи со убедливи 5:1 против Партизан од  Обршани-   прилепско, кој е 10-ти. Борец  е шести со 27 бодови. Во наредното коло  игра дома против  екипата на Дојранско езеро која е сосед на табелата со ист број бодови.   Преваелц гостува во Големо Коњари -прилепско, на истоимената екипа, која е 8-ма и се бори за да изебгне бараж за опстанок.

 линк од дербито Превалец - Победа Валандово

https://www.youtube.com/watch?v=f8L3Lve_zSE

https://www.youtube.com/watch?v=f5XN0_BF50k

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »