речник контакт

Победа за ракометарите, пораз за ракометарките

Борец – Драчево 35:31 ( 20:13) Леов Бартек – Вардар 20:32 ( 12:14) Победа за одбојкарките 3:0, пораз за одбојкарите 1:3

Петар Печков

Велешани одиграа комплетни и победија по подолго време.  Ракометарите на Борец решија да одиграат до крајот на овој дел од првенството комплетни, без оглед на тоа што клубот е без пари. Во екипата од Овче Поле се вратија и браќата Трчкови. Од првата минута до крајот водеа,играа одлично, на задоволство на малубројната публика. Најмногу во 48-та  со десет 31:21.

Тодоровски со 9, Попов со 6, Мачавелов со 5 и голманот Крстевски со 15 одбрани меѓу нив и на два седмерци беа творците на победата. Кај гостите Лазов  и Андовски со 7 и Трпевски со 5 најефикасни. Со оваа победа Борец е петти со  25  бодови по 17 одиграни кола. Заостанатиот натпревар против екипата на Кавадарци Борец ќе го игра в вторник.

Вчеравечер играа и ракометарките на Леов Бартек. Тие убедливо се поразени од лидерот на  табелата Вардар со 32:12, полувреме 14:12. Велешанки даваа отпор првите 30 минути, потоа концепцијата на играта се руши по што скопјанки забележаа сигурна и висока победа. Леов Бартек е петти со 24 бодови по 14 одиграни кола.

 Вчера играа редовни натпревари и одбојкарските екипи. На домашен терен  машката екипа на Борец загуби од Лирија со 1:3 со што останува на дното од табелата, додека одбојкарките на Форшпед победија во Скопје против Вардар со максимални 3:0, по што и натаму се втори на табелата. В недела е ново дерби  против третопласираната екипа на Македонија со Струмица.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »