речник контакт

Победа за ракометарите, пораз за фудбалерките

Завршија лигите, останува само уште разигрувањето за пласман во Супер лига ракомет

Петар Печков

Со  убедлива победа од  39:26, ракометарите на ГРК Борец  го заверија  второто место од Првата лига, со што се стекнаа со  можност во разигрување да станат нови Супер лигаши. Неделниот натпревар, последен во овој ранг, против ГРК Лозари од Кавадарци  беше генерална проба за баражот. Противник на велешани ќе им биде штипски Текстилец, натпреварот се игра понеделник на 15 јуни во 19ч. во СРЦ Кале, Скопје.

Вчера попладне, на Градски во Велес  беше  промоцијата на новиот првак на Македонија во фудбал за жени. Екипата на Драгон 2014 од Скопје со победата од 3:1 на Борец, го потврди одамна освоеното прво место, а на крајот од средбата гостинките добија и пехар. Велешките фудбалерки на  Борец  првенството го завршија на шесто место со 22 бода.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »