речник контакт

Победа за ракометарите на Борец

Одбојкарите на Борец во младинското првенство први во групата

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец во натпревар од 12-тото коло нa Супер лигата,  ја совладаа екипата на Пролет  62, со 21:16, полувреме  8:6. Во текот на сите 60 минути велешани беа подобар противник постојано во водство, со што на крајот стигнаа до бодовите и победата.  Кире Мачавелов постигна 8 а Ивица Лазаревски 5 гола, со 17  одбрани на Стојановски.  По 12 кола Борец и натаму  е претпоследен  11-ти со 10 бода. Во следното коло велешани гостуваат на екипата на Вардар јуниор во Скопје.   

Во Тетово  се одржа вториот турнир во одбојка, во конкуренција на младинци. Младите одбојкари на Борец забележаа една победа и еден пораз, но и натаму се први во групата Б.  Борец ја победи екипата на Шкендија со 2:0 ( 14, 20) а загуби од екипата на Пробиштип   со 2:0 ( 22, 23). Првенството продолжува со последниот турнир кој ќе се одржи во Пробиштип. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »