речник контакт

Победа за ракометарите на Борец, пораз за фудбалерките

Победи во Третата лига Југ за Превалец и Борец 1919

Петар Печков

Започна разигрувањето во плеј аут  лигата во ракомет, каде на домашен терен ракометарите  на Борец го победија Радовиш со 27:26, (15:12).  Во изедначен натпревар,  велешани беа постојано во минимално водство и на крај забележаа победа.  Борец е претпоследен  5-ти а  разликата  во бодови е 8 и е тешко надоместлива за да се избегне разигрувањето за опстанок, со второпласираниот од Првата  лига. Најефикасен во редовите на Борец беше Трчкво  со 6 голда   а кај Радовиш велешаните Ордев со 8 и Илиев со 7 г ола.  Вечерва (среда)  се игра средбата  со Пелистер во Битола, по  која ќе  може да се каже дали ракометарите на Борец имаат шанси за го избегнат постојниот пласман.  

  Фудбалерките на Борец на гостувањето во Струмица се поразени од Истатов со 2:1 бо дерби на ниско пласираните екипи од табелата. По овој пораз велешанки с е најдоа на 8-то место со 10 бодови.    Следниот  натпревар тие го играат повторно   во Струмица овој пат   против Тиверија на 14 мај а во следното  коло се слободни по откажувањето на Младост од кочанско Оризари. 

 Во Третата фудбалска лига Југ, две победи на домашен терен  за велешките екипи. Превалец во дерби од врвот го совлада третопласираниот тим на Тиквеш  од Кавадарци со 2:1 Така Преваелц останвуа четврти со 27 бодови.   Борец 1919 исто так адома, славеше со убедливи  6:1 против екипата на Големо Коњари од прилепско  која е 10-та. Борец со овие три бода се најде на 6-тото место со 24 бода .     Во следното  19 коло Превалец гостува    во Миравци на Зорбас Победа која е  8-ма а Борец 1919 патува за Прилеп на соседот од табелета 11-ти Октомври.   

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »