речник контакт

Победа за футсал екипата на Велес, пораз за фудбалерките

Младите одбојкари на Борец со две победи во четврт-финалето за државното првенство

Петар Печков

Тесна победа од 5:4 за  футсал екипата на  Велес, на домашен терен. Тие ја совладаа последно  пласираната  екипа на  Скопје, која досега по 18 кола нема ниту еден бод. Со овие три бода велешани се искачија на 7-то место од Првата лига, но и натаму се во зоната која  е опасност за излегување. Имано деветто пласираната екипа разигрува за опстанок.  

Првенството продолжува со уште еден круг од 9 кола. Интересно е што велешанецот Дарко Ранготов, кој настапува з а шампионот и лидер Железарец, во ова коло постигна пет гола на еден натпревар, против Мал Ајакс во Штип, кој заврши со победа на скопјани од 8:4. 

Стартуваше и пролетниот дел од Првата фудбалска лига жени. Екипата на Борец на гостувањето во Битола загуби минимално од  трето пласираната екипа на Конзули со 1:0. По 10 кола Борец е 8 од 10 екипи со  7 бодови. Во следното коло, сабота во 12ч. на Градски во Велс Борец ја пречекува последно пласирана екипа на  Речица од Тетово. 

 Викендов започна и пролетното првенство на Третата лига Југ.  Борец дома убедливо со 5:0 го победи  последно пласираниот прилепски Млекар.  Екипата на Превалец се врати непоразена од гостувањето во Обршани, каде против осмиот Партизан одигра нерешено  1:1. Во следното коло е локално и соседско дерби на шестиот Превалец и седмиот Борец, се игра на Градски. 

 Викендот се играше и последниот турнир за првак во младинска категорија одбојка - машки. Екипата на Борец  во Пробиштип забележа две максимални победи, против домаќинот ТЕ Волеј и против Шкендија од Тетово со по 2:0. Во следната фаза е разигрување и велешките млади одбојкари ќе играа со четврто пласираниот во втората група.  

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »