речник контакт

Победа за футсал екипата на Велес, ракометарите и кошаркарите

Пораз за одбојкарите. Спортски резултати на велешките екипи изминатиот викенд

Петар Печков

Започнаа натпреварите од разигрувањето за опстанок во Супер лигата. Во првото коло, дома во салата Гемиџии ГРК Борец победи против екипата на Прилеп 2010 со 37:30 ( 20:11). И двете екипи со подмладен состав, се борат за да  останат во најсилната ракометна конкуренција. Уште на  почетокот велешани  тргнуваат силовито поведуваат со 8:2 во 10-та минута и сите останати 50  до крајто  се во водство. Во средината на второто полувреме во неколку наврати ја  имаат и  навјисоката предност од +14 25:11, 26:12, 27:13, 28:24, за на крајот да слават со плус седум. Најефикасни во редовите на Борец беа Филип Николов со  10 и Антонио Јаневски со  9  гола.  Кај прилепчани Шокоски постигна 12 гола. По ова коло ГРК Борец е втор со 12 бода во мини лигата  со пет екипи, од која последната ќе игра бараж за опстанок. Следното коло гостуваат во Скопје на Металург 2 кој има 10 бода.

Лидерот во Првата футсал лига екипата на КМФ Велес продолжува  со серијата победи. Во Богданци славеше против  Цико со 14:8. Така останвау на првото место, пред ланскиот шампион Шкупи кој има бод помалку.   Во следното 21 коло во салата Гемиџии го пречекува тимот на Мал Ајакс од Штип, кој е 8-ми од  9 екипи.

(не)очекувано дома загубија и одбојкарите на ГОК Борец и тоа од студентската екипа на   Универзитет Гоце Делчев од Штип, со 2:3. Во неизвесен  и изедначен натпревар на две млади екипи гостите имале повеќе умешност па заминуваат  со  два бода  а  на  домаќинот му останува еден. Борец поведува  откако првиот сет  го добива   на разлика  27:25, па гостите поведуваат со 2.1 а велешани  освојуваат   по 21  поен во двата  сета, во четвртиот гостите стигнуваат до   20 поени.    Во петиот решавачки сет иако воделе  со 13:10 велешани загубија со серија  од  пет последователни поени за штипјани и за нивна победа.  По ова 14-то коло ГОК Борец останува на четвртото место, кое води во разигрувањето.   

Кошаркарите на  Борец Баскет дома со високи 37  поени предност 89:52 го победија  последниот на табелата Спартак од  Скопје, кој нема ниту една победа. По ова  15 коло велешани  се 6-ти со 23 бода и осум  победи. Во следното коло гостуваат во Куманово на екипата на Пинк Пантери која има ист скор како и велешани и е едно место погоре. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »