речник контакт

Победа за футсал екипата на Велес, ракометарите на Борец елиминирани од Купот

Победа за Превалец и пораз на Борец во Трета лига Југ

Петар Печков

Во дербито за опстанок во Првата футсал лига, Велес дома ја совлада со 5:3 екипата на Црна река, директен конкурент за избегнување на 9-тото место, кое води во разигрување за опстанок во најквалитетното друштво.    По оваа победа велешани се 7-ми со 22 бода, а во следното коло гостуваат на последно пласираната екипа на Скопје, коај има само  две победи. Ако фудбалерите на Велес победат, ќе го решат прашањето за опстанок.

Ракометарите на ГРК Борец во четвртфиналето од купот се елиминари од скопски Мелтаруг со 33:24, (18:11). Веќе в среда продолжува првенството и во важен натпревар дома, во салата Гемиџии Борец го пречекува скопски Тинекс Пролет. Двете екипи се борат за избегнување на 5-тото место, каде моментално е Борец а кое носи разигрување за опстанок во ова друштво.  Разликата меѓу двете екипи е 5 бодови во корист на Тинекс. 

 Во Третата лига Југ победа за Превалец, пораз за Борец 1919. Преваелц во Миравци со 5:0 ја  победи  осмопласираната  Победа Зорбас со што се зацвртси  на 4-тото место со 30  бодови. Борец 1919 на гостувањето во  Прилеп е поразен од 11-ти Октомври со 2:1.  Тоа беше натпревар на соседите на табелата а домаќинот со оваа победа ја зголеми предноста. Во следното коло Преваелц го пречеквау второплсираниот тим ан Победа од Валандово, додека Борец 1919 игра на Градски со  Партизан од Обршани, кој е девети со  22 , два бода помалку од Борец.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »