речник контакт

Победа за футсал екипите на КМФ Велес и КМФ Кеги моби

Порази за фудбалерките, одбојкарите, кошаркарите и ракометарите

Петар Печков

Футсал екипата на КМФ Велес на домашен терен, го победи тимот на КМФ Црна река со 6:3. ова е втора победа за клубот, во последното деветто коло од првиот дел на  Првата футсал лига. 

 Новиот футсал лигаш, члена Втората лига, КМФ Кеги моби во дербито го победи тимот на КМФ Арбен Бајрами со 5:2. Ова беше натпревар од шестото коло на Втората футсал лига.

Фудбалерките на ЖФК Борец загубија дома со 1:6 од петопласираната екипа на  ЖФК Шкендија од Тетово. Со ова заврши есенскиот дел од првенството а младата велешка екипа се пласираше на  11-тото место, од 14 екипи, со освоени 10 бода. Првенството продолжува на пролет.

 Во седмото коло од Првата одбојкарска лига, ГОК Борец гостуваше во Тетово и загуби со максимални 3:0(15,10,15) од екипата на ОК Универзитет. Домаќините се четврти со 13 бода и четири победи. 

Кошаркарите на КК Борец баскет загубија на гостувањето во Куманово од последно пласираната екипа на   МКК Куманово со 84:80, кој досега немаше победа. По ова петто коло, КК Борец баскет е четврти со седум бодови. Следното коло велешани се слободни. 

Во 11-тото коло од Прваа ракометна лига група 2, велешки ГРК Борец дома загуби од лидерот РК Тиквеш    27:41. Иако полувремето заврши со гол предност за кавадарчани 16:17, во вторите 30 минути гостите создадоа предност од 13 гола. Во следното 12-то коло, младата велешка екипа гостува во Ресен  на  РК Преспа. Домаќините се шести со три победи и девет бода.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »