речник контакт

Победа и два порази на стартот од спортската 2020-та

Победа во Купот забележа футсал екипа на Кеги моби, пораз за КМФ Велес и кошаркарскиот второлигаш КК Борец баскет

Петар Печков

На стартот од спортската 2020-та година, во првите првенствени натпревари една победа и два порази за велешките екипи. Победи второлигашката футсал екипа на КМФ Кеги моби  во 1/8 од Купот, со убедливи 6:1 ја совладаа екипата на КМФ Мал Ајакс од Штип и се пласираа во  четврт-финалето.

Поранешниот освојувач на Купот и првак КМФ Велес е елиминиран од  второлигашот КМФ Карадаку во Липково со 10:4.  Четвртфиналните парови ќе бидат одредени на дополнителна ждрепка.

Во Втората кошаркарска лига, екипата на КК Борец баскет загуби од последно пласираната екипа на КК Риниа во Кичево со 72:71. По ова осмо  коло КК Борец баскет е петти со 10 бода од три победи. Во следното сабота во 17ч., во салта Гемиџии ја пречекува екипата на КК Баскет кам од Македонска Каменица. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »