речник контакт

Победа на ракометарите за трето место

Порази за фудбалерките и кошаркарите

Петар Печков

ГРК  Лозари -   ГРК Борец 18:31  победа  на велешани во Кавадарци.   Со ова заврши есенскиот дел на Првата лига, по 9 кола Борец е 3-ти со 7 победи и два порази од  подобропласираните екипи на  Вардар јуниор и Младост 09 од  Богданци.

Женската екипа на Борец на гостувањето во Скопје против  екипата на Драгон е торпедирана со високи 12:2. Со овој натпревар заврши есенскиот дел. Борец е седми со 10 бодови, првенството продолжува напролет.

Кошаркарите на Борец високо се поразени на гостувањето во Гевгелија од екипата на Бест со  87:52. Домаќините досега имаа една победа и ова им беше втора, велешани пак се со скор три победи три порази и по шест кола се трети со 9 бодови.  Во следното дома играат со екипата на Михајловски која има две победи и е претпоследна.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »